ФОТО: Џил Бајден ја претстави божиќната декорација, ја критикуваат дека нема вкус

од Stefanija Kuzmanovska

Првата дама на САД, Џил Бајден, ги претстави овогодинешните божиќни украси во Белата куќа. Овогодинешните декорации го носат називот „We the People“, а по повод отворањето претседателот Џо Бајден и неговата сопруга испратија порака до граѓаните на САД.

„Оваа година се надеваме дека ќе го претставиме празничниот дух отелотворен во самата идеја на Америка: „Ние, луѓето“. За време на вашата посета на просториите исполнети со историја и празнични украси, се надеваме дека ќе се чувствувате како дома и ќе се најдете во големата приказна за Америка“, порача семејството Бајден.

Украсувањето на Белата куќа е резултат на повеќемесечно планирање и координација меѓу првата дама, персоналот на резиденцијата и тимот од повеќе од 150 волонтери.

Во Белата куќа може да се видат 77 новогодишни елки, куќа од колачиња, макета на Белата куќа и посебен украс во секоја од собите, а највпечатливо е што во украсувањето биле употребени ни помалку ни повеќе туку 83.615 светилки.

„Џил нема вкус“

Реакциите на корисниците на социјалните мрежи за овогодинешното украсување се донекаде поделени. Некои луѓе сметаат дека декорацијата е убава, додека други мислат дека е обична и не многу впечатлива.

Имаше многу повеќе негативни коментари: „Меланија Трамп подобро украси“, „Џил Бајден воопшто нема вкус“, „Ова изгледа како да е нафрлано во последен момент“, Хорор, претпоставувам дека Џил декорирала“, „Немагинативна и некреативна. Здодевно“, „Требаше да погледне што направи Меланија“, „Ме потсетува на некои нејзини фустани“…

Слични содржини