(ФОТО) Џеј Ло покажува неверојатни движења на шипка

од Vladimir Zorba

Џенифер Лопез има нова окупација. Пејачката и актерка веќе е одлична на шипка, покажаа слики во Instagram.

Излегува дека Латино ѕвездата се учи поради новата улога во филмот каде што ќе биде егзотична танчерка, пишува Daily Mail.

И во оваа прилика, Алекс Родригез им помогна на фановите да ѕирнат во процесот на работа со објавување фотографии на социјални мрежи.

Во видеото тој дури и се слуша неговото одобрување со “wow”, додека Џеј Ло се врти на шипката. Ситуацијата очигледно е снимена во салата, веројатно во Мајами, а актерката ги покажува своите облини во црни шорцеви.

Фото: Instagram

До ѕвездата стои веројатно нејзиниот тренер, кој ѝ ги пренесува своите тајни од професијата. Лопез, која добила одобрение од својот партнер, се насмевнува пред камерите, а тренингот продолжил подоцна со друг инструктор за фитнес според фотографиите.

“Работам на зајакнување за мојот нов филм Хастлер”, пишува под една  49-годишната ѕвезда.

Слични содржини