ФОТО: Двегодишно дете пронајдено во шума, откако три дена шетало во шума полна со којоти и мечки

од desk2

Двегодишното дете Кенет Хауард од Кентаки било пронајдено по тридневна потрага по него, откако тоа излегло од својот дом.

Детето било гладно и дехидрирано, а спасувачите го пронашле откако го слушнале како плаче во шумата која ја пребарувале цели три дена. Подрајчето е познато како живеалиште на многу мечки и којоти, па затоа е вистинско чудо што малечкиот Хауард воопшто преживеал.

Полицијата објавила дека е во „исклучително добра состојба”, со оглед на условите во кои детето живеело три дена.

Интензивната потрага која вклучувала хеликоптери, дронови и кучиња трагачи, започнала во неделата навечер кога Кенет исчезнал од својот дом околу 19:30 часот. Детето било во дворот со својот татко, а во еден момент отишло зад куќата.

„Кога отидовме по него, не беше таму. Едноставно исчезна, како во ноќна мора”, изјавил член на семејството за „Mirror”.

Родителите нуделе и награда од 5000 долари за информација за детето. На крајот, тоа било пронајдено на 600 метри од домот, босо и дехидрирано. Откако спасувачите му дале вода, Кенет веднаш ги побарал неговите родители.

Властите објавиле дека го истражуваат случајот како детето исчезнало, а никој не може да поверува дека преживеало во такви услови:

„Ова дете е вистинско планинско дете од Кентаки”, изјавил еден од спасувачите./Pres 24

***SHARE***UPDATE: Missing Child Has Been Found(May 15, 2019) Just before 2PM today the child was found alive in the…

Публикувахте от Kentucky State Police в Сряда, 15 май 2019 г.

Слични содржини