ФОТО: Познатиот коктел фустан од филмот „Појадок кај Тифани“ се продава за вртоглава цифра

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот розов коктел фустан што го носеше Одри Хепберн во филмот „Појадок кај Тифани“ ќе биде пуштен во продажба следниот месец и најверојатно ќе се продаде за неверојатни 235.000 фунти или поточно 273.000 евра.

Станува збор за креација која е создадена во 1961 година специјално за овој филм, а покриена е со златни реси и има појас, исто така во розова нијанса.

Одри, глумејќи ја Холи Голајтли, го облече овој фустан за сцената каде што излегува на вечера со богат ерген.

Инаку, фустанот последен пат куќата „Кристи“ го продаде за 150.000 фунти во 2007 година, а сега ќе се најде на аукцијата „Julien Auction’s Legends: Hollywood & Royalty sale“. Аукцијата ќе се одржи во септември во Беверли Хилс и ќе трае три дена.

Слични содржини