ФОТО: Во фустан од бисери и разголени гради, Ким ја оживеа поранешната насловна на Плејбој

од Stefanija Kuzmanovska

Синоќа во Музејот на уметност „Метрополитен“ во Њујорк се одржа Мет Гала, најважниот моден настан во годината, каде многу познати личности се појавија во необични креации.

Секако, Ким Кардашијан и оваа година беше меѓу најзабележаните.

Ким на црвениот тепих носеше фустан украсен со безброј бисери со потписот на Скиапарели.

Нејзиното издание годинава многумина потсети на еден од нејзините изгледи од минатото.

Обожавателите синоќешното појавување на Мет Гала на славната старлета Ким Кардашијан ги потсети на снимањето на Плејбој, на кое таа на себе носеше само бисери.

Слични содржини