(ФОТОГРАФИИ) Личат ли Фреди Меркјури и Рами Малек

од desk4

 

Останува повеќе од една година до декемвриската премиера на филмот за Фреди Меркјури и Queen – Боемска рапсодија.

Веќе знаеме се повеќе и повеќе за снимањето, вклучувајќи и колку темелно актерот во главната улога – Рами Малек (познат од хит серијата Mr. Robot) се внесува во ликот на еден од најголемите вокали на нашето време.

Возбудата не е само кај нас – режисерот на филмот Брајан Сингер неодамна пушти слика од сетот – невообичаено за најголемата филмската индустрија.

Не успеав да се воздржам, напиша тој на Инстаграм. На сликата го гледаме Малек во една од најпрепознатливите изведувачки пози на Меркјури.

Couldn’t help myself and had to post this iPhone pic

A post shared by Bryan Singer (@bryanjaysinger) on

Самиот Малек изјави дека има голема доверба кога првпат се видел во огледало, облечен како вокалистот на Queen. Оригиналниот бенд-гитаристот – Брајан Мај, кој е дел од тимот на филмот, веќе рече дека Малек одлично работи на улогата.

Слични содржини