Франција соопшти дека побарала од многу земји да испратат повеќе од 2.000 полицајци за да ѝ помогнат во обезбедувањето на Олимпијадата во Париз летово, пренесува „Асошиетед прес“.
Фраnцуското МВР соопшти денеска дека во јануари било поднесено барање за странска безбедносна помош, за распоредување на 2.185 полицајци.
Од полициските службеници се бара да помогнат да се осигура безбедноста на Игрите и да се зајакне меѓународната соработка. Ова е класичниот пристап на земјите-домаќини за организација на големи меѓународни настани, соопшти Министерството.
Siły Zbrojne RP dołączą do międzynarodowej koalicji powołanej przez Francję w celu wsparcia przygotowań i zabezpieczenia Letnich Igrzysk Olimpijskich w 2024 roku. Do Paryża zostanie skierowana grupa zadaniowa naszych żołnierzy, w tym przewodników z psami. Jej głównym celem…
— Władysław Kosiniak-Kamysz (@KosiniakKamysz) March 28, 2024
Така, Французите испратија 200 жандарми на Светското првенство во Катар во 2022 година. Франција исто така беше домаќин на припадниците на европските безбедносни сили на Светскиот куп во рагби, чиј домаќин беше минатата година.
Во исто време, француското Министерство за одбрана побара „мал број“ воен персонал кој би можел да помогне во „многу специфични“ задачи на Олимпијадата, вклучително и тимови со кучиња-трагачи, изјави полковникот Пјер Годилие, портпарол на Генералштабот на француската армија.
Полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш, напиша на платформата „Х“ дека неговата земја ќе испрати војници во Париз на Олимписките игри.