„Франција е во војна“: Министерот за внатрешни работи предупредува на нов напад

од Берта Китинска

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција бидејќи оваа земја е вклучена во „војната против исламистичката идеологија“.

“Ние сме во војна против непријателот, кој е и внатре и надвор. Мора да разбереме дека има и ќе има и други настани како овие страшни напади”, изјави Дарманин.

Во четвртокот, туниски државјанин извикувајќи „Алаху Акбар“ уби три лица во црквата Нотр Дам во Ница. Тој му ја отсекол главата на една од жртвите, и повредил неколку лица, пред полицијата да го застрела и да го префрли во болница.

Слични содржини