ФРОДЕМ: Мицкоски и ДПСМЕ ја прифатија „Северна“

од Aleksandar Todeski

Се случи и тоа. Паднаа маските. Го прелажаа членството, ја прелажаа јавноста, го покажаа двојното лице и ја прифатија ,,Северна”. Мицковски и северџанците во неговото ДПСМНЕ можат слободно да дишат. Резултатите од неговата недоследна и калкулантска политика приоритетно насочена само кон доаѓање до премиерската позиција изглегоа на површина, реагираат од ФРОДЕМ.

„Тој и неговите северџански јуришници во тесна соработка со сдсмовските им браќа по интерес конечно и јавно ја крунисаа нивната досегашна тајна и полутајна соработка за која ФРОДЕМ укажувавше цело време. Со прифаќањето на Уставот на нивната Република Северна Македонија, Мицковистите во ДПСМНЕ успеаа математички да докажат како еден плус еден е еднакво на една голема нула. Нивната математичка прецизност конечно ги доизиритира сите оние кои не излегоа и кои не гласаа на референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор и промена на нашето уставно име. Ова е јасна потврда дека Мицковски цело време води дневна политика распната помеѓу вистината и лагата, која стана неизоставен и главен елемент на дневно политичкото опстојување, велат од ФРОДЕМ.

Од партијата велат дека тие уште во месец јуни 2018 година укажувале дека ,,во преден план на Мицкоски му било исполнувањето на цензусот за референдумот, а притоа да остане со ,,чисти раце”.

„Полна му беше устата со флоскулата ,,Не го менуваме Уставот, заради промена на името”, а потајно посакуваше и работеше на промена на името и пазарење за ослободување на криминалците во сопствените редови кои ги донесоа на партискиот врв. Сега отако неговите (повторуваме лично неговите, а не вмровски) кадри заседнаа во државните фотељи, сега ниту Устав, ниту променето име му смета. Коленичењето и изговарањето на зборовите: ,,Ако водам следете ме, ако се двоумам потурнете ме, ако ве предадам убијте ме” се покажаа како евтина и маалска глума наменета за лесноверните. Кога Мицковски се двоумеше голем дел од нас го туркавме напред и го храбревме заради доброто на сите во Република Македонија, но за жал тоа се покажа како немоќно средство поради неговите калкулантски математики и политики. Затоа ФРОДЕМ ги повикува сите чесни и достоинствени граѓани конечно на овие избори да се пресметаат со петтоколонашите во редовите на некогашното ДПМНЕ и со ваквите ,,пресметливи” политичари со двојни и тројни аршини во зависност од дневно политичките потреби, но и да стават крај и на досегашната водена рекетарска политика од страна на раководството на СДССМ, стои во соопштението на ФРОДЕМ.

Слични содржини