Фуфо: Имав психолошка тортура од лихвари, во коцката губиш сè

од Nikola Popovski

„Физичка тортура за среќа не сум имал, но цело време имав психолошка тортура. Телефонски повици, ѕвонење на врата, среќавање во објекти. Тоа е единственото оружје на лихварите“, изјави синоќа за своето лошо минато со коцкањето, познатиот сопственик на пицерии, Љупчо Николовски-Фуфо при гостувањето во емисијата „Клик плус“.

На прашање за тоа колкави се каматите кои лихварите ги наплаќаат за своите услуги, Николовски вели дека се 10 отсто дневно, односно доколку денеска земете 10 илјади евра, утре ќе треба да вратите 11 илјади евра, но доколку закасниш за месец дена, тие ќе станат 30 илјади евра.

Тој вели дека тие лихварите се закануваат со се, односно со сопруга, деца, татко, мајка.

„Тие ако ти дале пари на рака, не се виновни. Јас ни од далеку не сакам да се амнестирам себеси, јас сум виновен што сум влегол во ситуација да тропнам на врата и да побарам пари од некого“, потенцира Николовски, додавајќи:

„Во коцката губиш свои пари, туѓи пари, па губиш образ, доверба, а на крај го губиш најважното – семејството“.

 

Слични содржини