120
Движењето #Протестирам продолжи со протестите „секој ден во 18:00 часот“ барајќи оставка од Премиерот и целата Влада, ослободување на притворените активисти и политичка и правна одговорност.
Денеска откако повторно беа спречени да протестираат пред зградата на Владата, демонстрантите се упатија пред Основниот суд Скопје 1, а потоа повторно кон Собранието.
Големиот број на демонстранти постојано ги повикуваат граѓаните да им се приклучат и објавуваат фотографии низ социјалните мрежи покажувајќи го мирниот карактер на протестите.