АктуелноПолитикаСлајдер ГАЛЕРИЈА: Побарано стопирање на уставните измени, најава за блокади со возила и механизација од desk4 19/11/2018 8:50 19/11/2018 8:50 231 Пред Собранието на Република Македонија синоќа заврши протестот во организација на движењето „#Бојкотирам уставни промени“ преку кој беше побарано стопирање на постапката за уставни измени, поништување на Договорот од Преспа, трајна заштита на името на Македонија… Учесниците, како што рекоа, се против нелегалната промена на името и бришењето на АСНОМ, и побараа оставка на Владата, распуштање на Собранието, вонредни парламентарни избори, како и да не се повторат настаните во Собранието од 27 април минатата година. Најавија дека од денеска ќе почнат блокади на главните сообраќајници и крстосници со возила и механизација и протести во Скопје и во сите градови низ Македонија се додека не се исполнат поставените барања. Освен на социјалните мрежи и вечерва ги повикаа граѓаните да им се приклучат, а во Скопје ќе бидат секој ден пред паркот Жена парк од 16 до 20 часот. Ќе бидат тука и на први декември кога е предвидена седница на Собранието за предлог амандманите на Уставот за промена на името на државата. Пред присутните се обратија Солза Грчева, Томче Ширков, Тодор Петров,… Протестот, како што соопшти организаторот, го поддржаа македонската заедница во Канада, Светскиот македонскиот конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права. Движењето „#Бојкотирам“ го најави потестот преку социјалните мрежи како натпартиски, сенароден и ненасилен. За граѓаните беше организиран превоз од повеќе градови од државата ФОТО: МИА Сподели FacebookTwitterPinterestLinkedinWhatsappTelegramViberEmail Слични содржини Зајкова: Не можам да слушам како оние кои со Сваровски... 26/04/2024 20:47 Бучковски: ВМРО-ДПМНЕ вешто го испровоцира ДУИ за да привлече гласови 26/04/2024 19:47 Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и... 26/04/2024 19:30 Словенците со радикално барање за првпат во историјата поради нашинците... 26/04/2024 19:01 Кире Лазаров го објави списокот за баражот со Фарски Острови... 26/04/2024 17:42 Захарова го предупредува НАТО: Поткопувањето на безбедноста на Русија може... 26/04/2024 17:15