Гардијан: Загинале над 6.500 работници во изградбата на стадионот за СП во Катар

од Stefanija Kuzmanovska

Англискиот весник „Гардијан“ денес објави дека досега загинале над 6.500 работници во изградбата на стадионот за Светското првенство во Катар следната година.

„Гардијан“ дојде до таа бројка повикувајќи се на извори од Бангладеш, Индија, Непал и Шри Ланка, од каде доаѓа екстремно ефтина работна сила. Според нивното истражување, од 2011 до 2020 година загинале 5.927 работници од тие земји, а други 824 загинати работници се од Пакистан. Ова се податоци собрани од амбасадите на овие земји во Катар.

„Гардијан“ смета дека вистинскиот број на починати е многу, многу поголем бидејќи нема податоци од Кенија и Филипините и некои други земји од кои има многу работници.

Тие не страдале исклучиво  на градилиштата на стадионот, туку и на придружните инфраструктурни објекти како што се патишта, надвозници, станици, хотели итн.

Бројни самоубиства

„Во Катар има вкупно два милиони увезени работници од сиромашните азиски земји. На градилиштата на стадионот, загинале официјално 37, а останатите настрадале во разни други проекти. Работниците живеат во нехумани услови, работат по две смени на ден, а многу од нив извршиле самоубиство. Цели семејства биле уништени, а многу од нив дури и не знаат како ги изгубиле своите татковци, сопрузи и браќа“, се вели во текстот.

„Гардијан“ тврди дека работодавците за 80 отсто од смртните случаи причината за смрт ја навеле како „природна“, а бројни тела биле пронајдени на градилиштата во полураспадната состојба, што значи никој не ни прашал каде се работниците кога не се појавиле на работа.

Катар ја доби организацијата на Светското првенство во 2011 година под благо речено сомнителни околности. Објавени се неколку истраги и сведоштва за купување гласови пред гласањето, но досега никој не одговорил.

Слични содржини