Гаши им честиташе на Ковачевски и Мицкоски

од Берта Китинска

Лидерто на Алтернатива Африм Гаши упати честитки до Димитар Ковачевски за неговиот избор за претседател на СДСМ, како и честитка до Христијан Мицкоски за неговиот претседателски реизбор во ВМРО-ДПМНЕ

„Почитуван г. Ковачевски, честитки за изборот во новата должност како претседател на СДСМ. Се надевам дека овој избор е добра вест не само за социјалдемократите на нашата земја, туку и воопшто за нашата држава.Сакам да ви честитам и за начинот на кој се одвиваа овие избори, со што покажавте високи демократски стандарди, кои се додадена вредност на нашата демократија. Притоа посакувам и нашата соработка да биде плодна и во интерес на граѓаните. Честитки и успеси!“, напиша Гаши на Фејсбук  во честитката до новиот лидер на СДСМ.

Во честитката до Мицкоски вели дека неговиот избор претставува признание од членството за досегашните успеси на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитуван г. Мицковски, честитки за вашиот реизбор на чело на ВМРО-ДПМНЕ. Повторниот избор на оваа должност претставува признание од вашето членство и органите на вашата партија за досегашните успеси. Имајќи почит за новиот дух на вашата партија, ви честитам за овој избор и останувам со надеж дека ќе имаме можност за соработка во интерес на нашите граѓани и на нашата држава. Честитки и успеси!“,пишува Гаши.

Слични содржини