Гатузо го менува Пирло на клупата на Јувентус?

од Vladimir Zorba

Фудбалскиот клуб Јувентус наводно сака Андреа Пирло да го замени со Џенаро Гатузо на клупата на тој тим следната сезона, објавија денес италијанските медиуми.

„Тутоспорт“ посочи дека Јувентус го идентификувал Гатузо како можна опција за следната сезона.

Како можни цели на „старата дама“ беа споменати и Масимилијано Алегри и Зинедин Зидан, но според медиумите, сегашниот тренер на Наполи е „повеќе од идеја“.

Италијанските медиуми претходно пишуваа дека Фиорентина била заинтересирана за Гатузо.

Круг пред крајот на шампионатот, Јувентус има бод помалку од местото кое води во Лигата на шампионите.

Слични содржини