Генералното собрание на ОН ги осуди референдумите во четирите украински региони

од Stefanija Kuzmanovska

Генералното собрание на Обединетите нации усвои Резолуција со која се осудува одржувањето на референдум за приклучување кон Русија во четири украински региони.

За усвојување на Резолуцијата, чиј нацрт беше подготвен од ЕУ, гласаа143 земји-членки на Генералното собрание на Обединетите нации (од 193).

Само четири земји ѝ се придружија на Русија во гласањето против – Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија.

Слични содржини