Генералштабот на Украина: Руските сили започнаа напади во правец на Лиман и Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили изминатиот ден извршиле напади во правец на Лиман, Бахмут, Авдеевка, Маринка и Шахтјорск.

Украинските сили ги одбиле руските напади во правец на Лиман, како и кај Бахмут, каде руските војници се обиделе да ја вратат загубената позиција во областа Андреевка, пренесува агенцијата Униан.

Се додава дека биле одбиени и нападите на руските сили во областа Маринка во областа Доњецк, како и во правец на Шахтјорск.

Слични содржини