Герасимовски: Добро е што ќе имаме шарен совет, ќе најдеме добри решенија за Центар

од Nikola Popovski

Кандидатот на СДСМ за општина Центар, Горан Герасимовски ја поздрави одлуката на граѓаните во првиот изборен круг и вели дека е добро што имаат шарен совет во општината од повеќе политички партии и невладини организации.

-Вака ќе имаме плодни дискусии и дебати и се надевам на добри одлуки во полза на граѓаните. Не е проблем тоа што составот е таков (9,8,3,3), затоа што сметам дека како иден градоначалник, со добри одлуки и политики ќе имам целосна поддршка од сите советници. Сигурен дека ќе најдеме добри решенија. Ги почитувам гласовите на граѓаните што одлучија за ваков совет, рече Герасимовски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини