Германија: Калуѓерки носеле деца кај свештеници и политичари кои ги силувале

од Vladimir Zorba

Калуѓерки од католички дом за сираци во Германија подведувале деца на свештеници, политичари и бизнисмени кои потоа ги силувале на забави, раскажува една од жртвите која победила во судска битка против нејзините насилници.

Судот за социјална помош во Дармштад му додели обештетување на човекот, кој сега има 63 години, откако детално опиша како монахињите го носеле кај свештеници и моќници кои потоа го злоставувале на забави. Злоупотребата започнала во неговата петта година. На монахињите им се плаќало за тоа.

Најновиот скандал на Црквата

Човекот, кој остана анонимен, вели дека бил силуван илјада пати за времето поминато во сиропиталиштето во текот на 1960-тите и 1970-тите, заедно со други момчиња.

Судот донесе пресуда за случајот во мај, но последниот скандал со злоупотреба на католичката црква се појави овој месец само откако висок службеник на свештенството јавно зборуваше за тоа.

Бискупот Карл-Хајнц Виземан јавно го прозва поранешниот епархиски службеник Рудолф Моценбенкер, кој почина во 1998 година, за наводна вмешаност во злоупотребата. Бискупот рече дека оттогаш се појавиле уште три жртви.

Имал само пет години кога започнала злоупотребата

Жртвата на злоупотреба имала само пет години кога во март 1963 година се придружила на домот управуван од Редот на сестрите на Божествениот Спасител во германскиот град Спејер. Раскажува дека монахињите „буквално го влечеле“ во станот на Мозенбекер каде бил сексуално злоставуван, објави „Шпигел“. Ако се спротивставил, бил претепуван.

Жртвата рече дека посетителите на сиропиталиштето го малтретирале на „сексуални забави“. Тој вели дека на ваквите настани, монахињите подведувале деца на возраст од седум до 14 години на свештеници, локални политичари и бизнисмени.

„Калуѓерките беа макроа“, рече тој.

Ако тие се спротивставувале да одат на забави, ќе ги тепале со стапови или ќе им ја удреле главата од ѕидот.

– Имаше просторија каде монахињите нудеа пијалоци и храна на луѓето, а во другиот агол од таа просторија децата беа силувани – се наведува во сведочењето на жртвата, пренесува КНА.

Калуѓерките заработувале пари на тоа, мажите великодушно им донирале во знак на благодарност, се вели.

Силуван од тројца свештеници истовремено

Човекот вели дека еднаш бил силуван од тројца свештеници истовремено.

„Понекогаш трчав во домот облеан во крв, крвта ми течеше низ нозете“, рече тој и додаде дека бил сексуално злоставуван „околу илјада пати“ пред да замине од домот во септември 1972 година.

Анонимен човек сведочеше пред судот дека монахињите се клучни за целиот систем на злоупотреба и дека некои сестри дури и самите сексуално злоставувале помлади момчиња. Сиропиталиштето, каде наводно се случило сето ова, било затворено во 2000 година.

Католичката црква на човекот му исплатила 15.000 евра обештетување и 10.000 евра трошоци за терапија, заедно со доживотна пензија.

– Која е користа од парите за мене? – прашува жртвата, која страда од посттрауматско стресно нарушување и депресија.

Неговиот брак, вели тој, е скршен, коските, црниот дроб и бубрезите исто така.

– За жртвите на злоупотреба, преземањето правни активности е поврзано со значителен психолошки стрес – рече судијата Андреа Херман од социјалниот суд во Дармштад.

Од 2010 година, Католичката црква се соочува со низа случаи на злоупотреба. Внатрешната истрага за злоупотребата во 2018 година откри злоупотреби во кои учествувале 1.670 свештеници и 3.677 жртви помеѓу 1946 и 2014 година.

Слични содржини