Германија ќе ги преиспита правилата за извоз на оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Германската влада е подготвена да ги преиспита извозните правила поврзани со оружјето што влијае на заедничките одбранбени проекти, објави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Некои можеби ќе бидат изненадени, но германската влада е подготвена да го стори тоа“, рече тој во Берлин.

Говорот на Шолц се однесуваше на резервите и прописите на Германија во однос на извозот на заедничко произведена одбранбена опрема, што во минатото ја попречуваше соработката со европските и другите партнери, пренесе „Танјуг“.

Украина со месеци врши притисок врз Берлин да го снабди Киев со тешко вооружување, како и да започне со испорака на модерни тенкови од западно производство, што германскиот канцелар Олаф Шолц досега постојано го одбиваше, потсети британската агенција „Ројтерс“.

Слични содржини