Германија: Несфатливо е претседател на членка на НАТО да се слика со Путин

од Nikola Popovski

Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок изјави дека присуството на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на заедничка фотографија со претседателите на Русија и Иран Владимир Путин и Ебрахим Раиси претставува предизвик.

„Фактот што претседателот на Турција беше на таа фотографија е предизвик, учтиво кажано“, изјави Бербок во интервју за Билд, пренесува ТАС С.

Според неа, Турција како членка на НАТО е важна во контекст на украинскиот конфликт.

„Затоа таа фотографија ми е несфатлива, ако се земе предвид дека е членка на НАТО“, изјави Бурбок.

Фото: ТАСС

Слични содржини