Германија: Одобрен предлогот на Меркел за воведување рестрикции

од Stefanija Kuzmanovska

Германските пратеници го одобрија предлогот на владата на канцеларката Ангела Меркел за воведување единствени ограничувања во областите каде коронавирусот се шири пребрзо.

Законодавството со кое доследно се применува „сопирачката за итни случаи“ во области со голема стапка на инфекција има за цел да воведе низа мерки кои често го карактеризираа одговорот на пандемијата во 16 германски држави, пренесува АП.

Долниот дом на парламентот во средата гласаше за планот со 342 гласа „за“ и 250 „против“, додека 64 беа воздржани. Горниот дом, во кој се претставени владите на државите, треба да ги разгледа законите во четврток.

Предлогот содржи планови за воведување полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, ограничување на личните контакти, затворање на објектите за забава и спорт и ограничување на пристапот до многу продавници.

Слични содржини