Германија планира да ги отвори границите од средината на јуни: Објавено е за кои земји и според кои критериуми

од Nikola Popovski

Германија треба да ги отвори своите граници кон 31 европска земја од следниот месец.

Нацрт-документ во кој се препорачува патување во сите 26 други земји на ЕУ, плус Велика Британија и земјите кои не се слободна Шенген-зона, како Исланд и Норвешка, ќе биде претставен во кабинетот во среда.

Доколку тој предлог се реализира, како што е објавено, на 15 јуни, тоа ќе биде голем напредок во пресрет на туристичката сезона, пренесува BBC.

Германија веќе планира на тој датум да ги отвори своите граници целосно со соседните земји, Австрија и Швајцарија. Сепак, Германија сака ЕУ да се согласи дека заеднички критериум за укинување на забраната за патување вклучува максимум 50 заразени на 100 000 луѓе за секоја земја.

Слични содржини