Германија покрена истрага за пресретнатите разговорите на Бундесверот за нападот на Кримскиот мост

Како што пренесува  германскиот медиум, истрагата против неименувани лица за шпионажа ја води државниот јавен обвинител

од Бети Божиноска

Германското државно обвинителство отвори истрага за прислушување на високи функционери на Бундесверот, пренесува WDR, повикувајќи се на извори.

Како што пренесува  германскиот медиум, истрагата против неименувани лица за шпионажа ја води државниот јавен обвинител, а германското обвинителство наводно смета дека во прислушувањето на разговорот била вмешана и руската разузнавачка служба.

Истрагата треба да утврди како се одвивало прислушувањето на разговорот на службеникот и кој треба да одговара за тоа.

За потсетување, на почетокот на месецов, главната уредничка на РТ и на медиумската група „Русија Севодња“, Маргарита Симонјан, објави на мрежите видео и транскрипт од разговорот меѓу германските офицери за нападите на мостот на Крим. Разговорот бил воден на 19 февруари.

Слични содржини