Германската армија се повлече од Авганистан

од Vladimir Zorba

Министерството за одбрана на Германија на Твитер објави дека германските војници се повлекле од Авганистан вечерва, по 20 години.

„Ова е крај на историско поглавје, интензивна мисија која беше тест за Бундесверот и во која Бундесверот се докажа во битка“, рече во изјавата германскиот министер за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

За време на мисијата во Авганистан, која започна во 2001 година, германската армија учествуваше во копнени битки за прв пат по Втората светска војна.

За време на мисијата во Авганистан загинаа 59 германски војници, а 35 од нив се убиени за време на борби.

Повлекувањето од Авганистан го најави и претседателот на САД, Џо Бајден, кој рече дека американските војници ќе се повлечат на 11 септември.

Слични содржини