Германски гигант за недвижности прекинува изградба на 60.000 станови

од Vladimir Zorba

Германската групација за развој на недвижнини „Vonovia“ ги одложи плановите за изградба на 60.000 станови поради високите каматни стапки и трошоците за изградба, изјави извршниот директор Ролф Бух.

„Имаме планови за вкупно 60.000 станови во фиока“, изјави Бух за Funke Mediengruppe во средата. „Подготвуваме сè до фазата на добивање градежни дозволи. И се надеваме дека изградбата наскоро повторно ќе биде исплатлива и профитабилна. Во тој случај веднаш повторно би почнале со градба“, додаде првиот човек на „Вонова“.

Vonovia е најголемата германска компанија за изградба на недвижнини, и има значителни удели на шведскиот и австрискиот пазар. Германија има хроничен недостиг на станови, посочи Бух, проценувајќи го сегашниот недостиг на повеќе од еден милион станови. Наскоро тој број ќе порасне на неколку милиони бидејќи бројот на имигранти континуирано расте, додаде тој.

Според неговата проценка, на Германија и се потребни 700.000 нови станови годишно. Германската влада планираше да гради најмалку 400.000 нови станбени единици годишно, но мораше да признае дека поради забавувањето на градежништвото нема да ја постигнат оваа цел. Синдикатот IG BAU, кој ги застапува работниците во градежниот сектор, одговори на изјавите на Бух обвинувајќи ја Vonovia дека ја стопира изградбата поради притисок врз политичарите. Треба да се избегнуваат отпуштања и намалувања на работното време, велат од синдикатот.

„Крајно време е германската влада да преземе удел во Vonovia“ за да може државата да влијае на стратегијата на гигантот за недвижнини, рече IG BAU. Градежништвото мора да продолжи, особено во услови на криза, велат тие. Портпаролката на Vonovia рече дека трошоците за изградба порано биле околу три илјади евра за метар квадратен, но сега пораснале на околу пет илјади евра по квадратен метар, според медиумската компанија Funke nMediengruppe.

„Просечната кирија во нашето портфолио на станови е околу 7,50 евра и многу луѓе со средни или ниски примања живеат во нашите станови. Затоа се плашиме дека киријата од околу 10 до 12 евра во нови станови може да биде превисока“, рече портпаролката.

Според извештајот на Funke Mediengruppe, сегашните високи трошоци за изградба и финансирање би ја зголемиле киријата во новите згради на 20 евра за метар квадратен. Многу луѓе веќе не можат да си дозволат такви цени“, нагласи портпаролот на Vonovia.

Слични содржини