Германски лекари откриваат што е најважно за вториот бран

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на нови случаи на корона во Германија повторно расте. Дали германските болници се подготвени за нов бран на пациенти? И што научија лекарите и медицинскиот персонал од овие шест месеци на пандемија? Тие веруваат дека една работа е најважна и дека токму тоа покажува колку системот е ефикасен во борбата против вирусот.

„Дојче веле“ направи прилог за начинот на реакција на германските болници во првиот бран, во март, а еден од младите лекари со кои разговарале рекол дека е импресиониран од брзината со која сè било подготвено за борба против вирусот.

Централното хируршко одделение во болницата каде што работи за 24 часа било претворено во станица за интензивна нега.

Во Берлин, во исто време, формирани се и други центри за лекување од корона. Опремата постоела и пред пандемијата, но управата на германските болници стравувала дека нема да има доволно респиратори кога ќе се забрза ширењето на вирусот и зголемувањето на бројот на новозаразени лица.

Многу болници морале да импровизираат. Кога станува збор за капацитетите за тестирање, маските и заштитната опрема, германските лекари велат дека се подготвени – можат брзо да ги хоспитализираат пациентите бидејќи просторот за пациенти со коронавирус е подготвен, можат брзо да постават дијагнози.

Секој што ќе пристигне во болницата е тестиран за коронавирус пред да биде примен. Пациентите се строго одделени – оние кои се негативни одат во „зелениот“ оддел, а оние кои се позитивни во „црвениот“. Оние за кои постои сомневање дека се заразени се сместуваат во „жолт“ оддел.

Германските лекари веруваат дека овој систем е безбеден. Што е најважно, не е пријавен случај пациент да инфицира некој од персоналот, што дефинитивно би бил најсигурен знак дека системот не е правилно поставен. Од воведувањето на такви мерки, третманот на пациенти со коронавирус стана рутински.

Делови од германските болници кои не се претворени во т.н. ковид станици се вратија на вообичаените активности, а медицинските сестри сега регуларно се грижат за пациентите кои не се заразени со коронавирус.

Аплаузите слушнати од германските балкони во март стивнаа, небаре луѓето малку заборавија колку е важна работата на лекарите, медицинските сестри и другиот медицински персонал, а ниту германските медицински работници, како што велат, не добиле покачување на платата, ниту било какво друго официјално признание за работа во такви тешки услови борејќи се против смртоносниот вирус.

Сепак, германските болници веруваат дека се подготвени за предизвиците кои може да ги донесе пандемијата.

Вториот бран се очекува наесен, иако многу европски земји веќе бележат рекорден број на нови инфекции, а тие особено се плашат од можноста коронавирусот и сезонскиот грип да се судрат во зима.

Слични содржини