Германски виролог: Мора да очекуваме втор и трет бран на коронавирус

од Vladimir Zorba

Германскиот виролог Хендрик Штрек смета дека ќе има втор и трет бран на инфекција со вирусот КОВИД-19 и дека општеството мора да научи да живее со овој вирус.

Во една ТВ-емисија, Штрек рече дека не очекува брз развој на вакцината, ниту дека во најскоро време гледа напредок во нејзин развој и покрај фактот дека огромен број луѓе се вклучени во потрагата низ целиот свет.

Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек, а заради тоа општеството мора да научи да живее со вирусот, пренесува Танјуг.

„Мораме да се помириме со тоа и да се справиме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе случај сега. Ние, исто така, секогаш мора да сметаме на појава на жаришта, како што беше случајот со „Гитерслоу“, објасни еден од водечки виролози на Германија.

Слични содржини