ГЕРМАНСКИ ВИРУСОЛОГ: Кој не е вакциниран, неизбежно ќе се зарази!

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот вирусолог Кристијан Дростен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против  коронавирусот во следните година и половина.

Тоа, вели тој, ќе се случи со вакцинација или природна инфекција.

„Овој вирус ќе стане ендемичен и нема да исчезне. Секој што ќе одлучи да не се вакцинира, неминовно ќе се зарази“, рече Дростен.

Тој посочува дека ништо не може да се стори против тоа, бидејќи епидемиолошките мерки со тек на време ќе бидат повлечени.

После тоа, вирусот ќе циркулира во популацијата кај оние кои не биле имунизирани и малите деца кои не можат да се вакцинираат.

„Вирусот и понатаму ќе се шири незабележливо, а потоа ќе наиде на луѓе кои не биле вакцинирани“, објасни Дростен.

И следната зима, тој очекува сериозни ковид пациенти на интензивна нега.

„Оние кои активно одлучуваат против вакцината, мора да знаат дека активно се одлучиле за природна инфекција“, подвлече тој, додавајќи дека тоа е слободна одлука на секоја индивидуа.

Слични содржини