Германскиот министер за здравство загрижен: „Ковид едноставно не се предава“

од Vladimir Zorba

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан во петокот рече дека пандемијата на коронавирус во Германија стагнира откако беше во опаѓање неколку недели, додавајќи дека Ковид-19 „едноставно не се предава“.

– Не само што мутациите на коронавирус се причина за загриженост, туку и бројот на инфекции на дневна основа стагнира, рече Шпан.

Иако германската јавност се залага за олеснување на мерките и повторно отворање по строгата „блокада“, важно е да продолжиме внимателно со ова за да не го загрозиме постигнатото, посочи Шпан.

Бројот на новозаразени на 100.000 жители во текот на изминатите седум дена изнесува 56,8 на национално ниво, иако е малку помал од претходниот ден (57,1 процент), соопшти Националниот институт Роберт Кох.

Во последните неколку дена нема јасно намалување на бројот.

Федералната влада и 16 германски сојузни држави имаат зацртано намалување на инциденцата на инфекцијата на под 50. Посериозни чекори за ублажување на мерките треба да се преземат кога тој број ќе падне под 35.

Слични содржини