Гир: Количеството на финансиски средства за Еразмус+ нема да се намалува

од Nikola Popovski

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир очекува националната агенција за Еразмус плус во Македонија да ги испорача сите препораки на ОЛАФ.

-Се разбира дека ние продолжуваме да имаме доверба во работата на самата Агенција за Еразмус+ што значи дека остануваме убедени дека количеството на финансиски средства кои што се определени за Еразмус+ нема да се намалува. Напротив ние сме среќни да споделуваме со вас дека Еразмус+ ќе остане да се имплементира и од неа ќе имаат придобивки младите, учениците, студентите и универзитетите во вашата земја, кажа денеска Гир.

Ова следува откако државата треба да врати 2,2 милиони евра европски пари преку програмата „Еразмус плус“. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност пратила барање и до Управата за финансиска полиција за доставување на информации во врска со извршените проверки на Европската канцеларија за борба против измами.

Им било соопштено дека предметот е кај Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражна постапка.

Станува збор за одобрен грант на фризерница В.Е.З Трејд во сопственост на Зоран Златковски од страна на тогашнатта директорка за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет по анонимна пријава за злоупотреба на средства од фондови од ЕУ од европските програми како „Еразмус плус“, Еуридика од страна директорката Димова.

Од друга страна Димова во своја одбрана изјави дека одоборила повеќе грантови, но не на фризерница, туку за финансирање на претријатието „Вредност на европско знаење“, чијшто скратен назив е В.Е.З. Трејд.

Слични содржини