Главниот кризен штаб ќе одлучува за нови мерки за јавниот сектор

од Берта Китинска

Комисијата за заштита од заразни болести препорачува нови мерки за сите вработени во јавниот сектор, кои во иднина за да дојдат на работа ќе мора да имаат или потврда за најмалку една примена вакцина, негативен ПСР тест, кој не е постар од 72 часа или потврда за прележан ковид, која што не е постара од 45 дена.

Друга мерка која се предлага е задолжителна вакцинација за сите вработени во здравството.
Овие мерки Комисијата  ги достави до Главниот координативен кризен штаб при Владата кој ќе треба да соопштите дали ќе бидат прифатени.

Доколку се прифатат треба да стапат на сила 10 дена по нивното усвојување. Министерството за здравство препорачува да ги применуваат и приватните компании.

Од овие мерки ќе бидат изземени лицата кои што ќе имаат потврда од лекар дека не смеат да се вакцинираат.

Слични содржини