Главниот шведски епидемиолог го промени мислењето: Кога би се соочиле со истата болест сега не би вовел целосен колективен иминутет

од Nikola Popovski

Главниот државен епидемиолог во Шведска, Андерс Тегнел, кој сметаше дека е непотребно да се блокира социјалниот живот заради ширењето на коронавирусот, во интервју за „Радио Шведска“ признал дека можеби требало да се воведат построги мерки.

Со месеци, Тегнел го бранеше својот пристап како поодржлив и ги критикуваше другите земји за наметнатите ограничувања.

На прашањето на новинар од „Радио Шведска“ дали премногу луѓе починале во оваа земја, Тегнел се согласи.

„Кога би се соочиле со истата болест сега, знаејќи точно што знаеме денес, мислам дека би биле некаде на половина пат помеѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот од светот“, рече тој. изјавил епидемиологот.

Шведска има највисока стапка на смртност во светот во однос на населението.

Повеќе од 4.400 луѓе починале од коронавирусот, а 38.500 луѓе се заразиле. Соседните Норвешка, Данска и Финска заедно имаат околу 1.100 смртни случаи.

Слични содржини