Го покажа згодното тело: Актерката која ретко е фотографирана во приватни изданија, „уловена“ на плажа

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанската актерка Пенелопе Круз (47) е фотографирана на плажа во Италија каде го покажа своето згодно тело.

Имено, холивудската ѕвезда е на одмор со своето семејство, а овие фотографии се вистинско уживање за нејзините обожаватели ширум светот, бидејќи оваа актерка е тешко да биде фотографирана во приватни изданија, особено на плажа.

Таа прво прошета на плажа во едноделен црвен костим за капење и тексас шорцеви, а нејзиното милениче ѝ правеше друштво, а потоа влезе во морето во истиот костум и црни шорцеви.

Малку подоцна, таа беше фотографирана како го гушка својот син Леонардо, додека нејзината ќерка Луна играше во нивна близина.

 

Слични содржини