Ѓоковиќ го освои Вимблдон и 20. Гренд слем трофеј во кариерата!

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ е шампион на Вимблдон! Србинот уште еднаш покажа дека еден од најдобрите тенисери во историјата.

Тој во финалето во Лондон го совлада Матео Беретини по четири сета со 6: 7 (4), 6: 4, 6: 4, 6: 3 и со тоа го освои 20. Гренд Слем трофеј во неговата кариера.

Сега, Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер имаат ист број трофеи на четирите најсилни турнири во светот на „белиот“ спорт.

Ѓоковиќ постави уште еден рекорд.

Имено, Србинот стана првиот тенисер во историјата кој надминал заработка од 150 милиони долари од турнири.

За триумфот во Лондон, Ноле доби 1,7 милиони фунти, или 2,3 милиони долари, а кога тоа ќе се додаде на претходните 149 милиони, се доби сума од околу 152 милиони долари, што е многу повеќе од најголемите ривали – Федерер и Надал.

Слични содржини