Ѓоковиќ не можеше да ги запре солзите по поразот: „Ќе биде тешко да заборавам …“

од Vladimir Zorba

Данил Медведев го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен, но Србинот и понатаму е главната приказна по натпреварот бидејќи не успеа да стане тенисер со најмногу Гренд слем титули во историјата, но и единствен кој освоил „календарски слем“ за една година – сите четири турнири.

Овој пат дури ја имаше американската публика зад него, што не беше случај досега. Го бодреа, му аплаудираа, со цело срце сакаа да го постигне она што го нема ниту еден тенисер пред него. Но, Ѓоковиќ е само човек …

– Моето срце е полно иако не победив. Се заради вас што ме натеравте да се чувствувам посебно – се обрати Ѓоковиќ пред публиката по финалето и продолжи:

„Ќе ми биде тешко да го заборавам овој пораз бидејќи знам што не успеав да направам. Дадов се од себе, но нозете не работеа добро, имав премногу неизнудени грешки, играв практично без сервис, а Медведев одигра неверојатно добро и погоди се што имаше за цел. Честитки за победата и без разлика колку ми е тешко, јас сум среќен за него, тој го заслужи ова“.

Под притисок, Ноле се распадна и на Олимпијадата.

„Тоа беше еден од тие денови“, рече накратко, навратувајќи се на публиката уште еднаш: „Ја допревте мојата душа, никогаш не сум се чувствувал вака во Њујорк, ви благодарам за поддршката и се што направивте за мене, ве сакам“.

На крајот на краиштата, тој ќе има шанса за 21. Гренд слем титула во Австралија за нешто повеќе од четири месеци, но со 35 наскоро на грбот, прашањето е дали повеќе ќе дојде буквално на чекор до завршување на календарскиот слем. И не може да се исклучи дека Рафаел Надал нема да освои барем уште една титула до крајот на кариерата. Помалку веројатно е дека Роџер Федерер ќе успее над сегашните 20, но тоа не е возможно.

Слични содржини