Ѓоковиќ сака да игра за репрезентацијата на Монако?

од Stefanija Kuzmanovska

Новак Ѓоковиќ е повеќе од една деценија предводник на Дејвис куп репрезентацијата на Србија, а со неа ја освои титулата светски шампион. Во денешното издание на парискиот „Л’Екип“, беше објавено дека може да ја смени репрезентацијата!


Според зборовите на поранешниот и најуспешен репрезентативец на Монако, Бенџамин Балере, Ѓоковиќ наводно му кажал лично дека би сакал еден ден да игра за кнежевството во кое живее долго време.

„Тој ми рече дека сака да се приклучи на нашиот тим за Дејвис Куп“, изјави сегашниот тренер на францускиот тенисер, Пјер Еребер.

Иако тоа е желба на Балере, тоа сигурно нема да се случи, затоа што Светската тениска федерација не дозволува играчи да претставуваат различни национални тимови во Дејвис купот.

Во секој случај, љубителите на тенисот во кнежевството имаат право да замислат што би се случило доколку би се случило…

Слични содржини