Голем пожар во велешко, се упатува хеликоптер на МВР и два „ер трактори“

од Nikola Popovski

Голем пожар со зафатена голема површина на сува трева и стрниште од вчера попладне, цела ноќ  и се уште утрово беснее во реонот помеѓу селото Мамутчево и селото Милино, кои се на границите меѓу Општината Велес и Општина Лозово. Од утрово со пожарот се зафатени и дрвца – борчиња.

Поради силниот ветер што дува непрекинато тешко е неговото гаснење, од страна на вработени  од Пожарната  единици од Велес и Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес и пожарникари од Свети Николе и вработени од Шумското стопанство „Шумарство“ од Свети Николе.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, при координацијата за гаснење на пожарот, даде насоки за упатување на еден хеликоптер од МВР за гаснење на таа локација, после ангажманот и дејството врз пожарот кај с. Кондово, Скопско. Ангелов информираше дека истовремено при координацијата дал насоки за после 10.30 до околу 11.00 часот, да полетаат и двата противпожарни авиона „ер трактор“ од ДЗС.

Во гаснење на пожарот се вклучени 15 пожарникари со три возила од ТППЕ Велес, пет вработени од Шумското стопанство „Бабуна“Во гаснење на пожарот вклучени е и екипа на Пожарната од Свети Николе и екипа од вработени од Шумското стопанство„Шумарство“ од Свети Николе.

Слични содржини