Ѓорчев: Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата

од Берта Китинска

Денес повторно видовме дека власта нема осет и нема жал за 14-те луѓе живи изгорени во Ковид болницата и 7.000 починати од Ковид,вели Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата.Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче.Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство.Почитувана македонска јавност,  тие одбраа да паднат заедно. И да Зоран Заев и Венко Филипче заедно ќе си паднат..“, рече Ѓорчев.

Слични содржини