Ѓоргиев: Протоколот за Историската комисија нема преголемо значење, не чувствувам притисок

од Nikola Popovski

Протоколот за Историската комисија нема некое преголемо значење, бидејќи Комисијата и досега работеше оптимално. Протоколот е политички документ меѓу двете влади за тоа како гледаат на подобрување на односите меѓу двете држави. Комисијата функционира по свој ритам и добро се познаваме меѓусебе и како и колку можеме да работиме. Рутината и понатаму ќе биде водилка за нашата работа, така да не чувствувам голем притисок поради Протоколот, вели копретседателот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, професорот Драги Ѓоргиев.

Според него, влогот е поголем и условите се различни.

-Протоколот создаде една поларизација во македонското општество и сето тоа ја прави положбата на Комисијата поинаква. Ако се сеќавате и во првиот Протокол со многу тешка и заповедничка реторика беше кажано од страна на бугарски политичари да се заврши тоа и тоа. Тие рокови секогаш ќе ги поставуваат политичарите. Ние си имаме свои принципи. Политичарите работат по една, а ние научниците по друга логика. Имаме одговорност пред јавноста, но повторно примарно за нас е нашиот академски интегритет и условите кои ни дозволуваат до каде можеме да одиме со тоа, одговори Ѓоргиев во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини