Гори крузер во Грција (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Силен пожар избувна на крузерот МСЦ Лирика денес околу 15:30 часот. Големиот брод кој плови под знамето на Панама е закотвен пред пристаништето Крф во Грција, пренесува „Морски.хр“.

Екипажот на бродот, 51 лице, беа навремено евакуирани. Сите се на безбедно. Немало патници на крузерот.

„Силен црн чад и пламен се појавуваат од десната страна на бродот кој е закотвен на Крф“, навече очевидците.

Противпожарен брод пристигнал до крузерот и пожарникарите се обидуваат да го совладаат огнот.

Локалните медиуми објавија дека пожарот започнал од местото каде што биле поставени два спасувачки чамци на палубата.

Причината за пожарот не е позната.

Слични содржини