Град Скопје почна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар

од Nikola Popovski

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар. Ова е еден од објектите чија реконструкција се реализира во рамки на проектот за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.

Од Градот наведуваат дека дел од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, огради, пешачки и велосипедски патеки, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

-Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување. Реконструкцијата на пешачкиот мост се реализира на децениско барање на граѓаните кои секојдневно го користат, а градежните работи ги изведуваат екипите на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“, велат од Град Скопје.

Слични содржини