Градоначалникот на Њујорк апелираше за општа мобилизација на сите медицински професионалци

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, во саботата повика на општа мобилизација на медицинските работници, проценувајќи дека на градот му се потребни дополнителни 45.000 професионалци за борба против коронавирусот што брзо се шири низ градот.

„Лекари, медицински техничари, специјалисти за органи за дишење … сите оние кои веќе не се во борба: потребни сте ни. Потребни ни се 45.000 здравствени работници да се вклучат во борба во април и мај за да го надминеме ова“, рече демократот де Блазио во клип објавен на Твитер.

Градските власти испратија порака до телефоните на сите Њујорчани во петокот навечер да ги повикаат здравствените работници доброволно да се пријават на сајтот посветена на борба против вирусот.

Во Њујорк досега се потврдени повеќе од 57.000 заразени луѓе, со повеќе од 1.800 мртви, од кои 305 во петокот.

Државата Њујорк е новиот епицентар на пандемијата со повеќе од 113.000 заразени, скоро како во Италија и Шпанија, земјите кои претрпеа најголеми загуби на живот.

За да се избегне таква состојба, властите во Њујорк се вклучија во зајакнување на медицинскиот капацитет.

Теренските болници се поставени во конвенциони центри во Менхетн и Централ Парк, а брод-болница со илјада кревети неодамна се вкотви во градот.

Сепак, според Де Блазии и гувернерот Ендру Куомо, на болниците им се заканува недостиг на човечки персонал и респиратори.

Градоначалникот процени дека на градот ќе му требаат уште 2.500 до 3.000 респиратори, но дека нема да пристигнат барем уште една недела. Куомо во петокот потпиша наредба со која се бара преземање на уредите од приватни објекти за да бидат достапни на државните болници.

Слични содржини