Градот Скопје ниту е блокиран ниту е во банкрот, реагираат од Град Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Жалиме што се уште постојат луѓе кои мислат дека илјада пати кажана лага ќе стане вистина, но политичката реалност во Македонија креирана од коалицијата СДСМ-ДПМНЕ единствено се базира на лаги и измислици. Градот Скопје ниту е блокиран ниту е во банкрот. Редовно се сервисираат тековните обврски, а без пречка се реализираат сите проекти, реагираат од Град Скопје на прес-конференцијата на Васко Кичевски.

„Градот Скопје е единствена институција во Македонија која работи со позитивни резултати и покрај политичките и институционалните обврски. Меѓу останатото сме единствена институција која прва линеарно ги зголеми платите.

Васко Кичевски може да го смета ова соопштение како демант, да се извини во законскиот рок и да го повлече кажаното, во спротивно вистината ќе треба да ја докаже на суд“, стои во реакцијата на Град Скопје.

Слични содржини