Граѓанин фатен на дело како пали депонија (ФОТО)

од Берта Китинска

Вчера на депонијата во Босилово неодговорно лице запали оган, информира градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев.

-Без разлика дали намерата била да се запали цела депонија или само одредени предмети за да се собере старо железо, ваквите постапки не се дозволени. Апелираме на совесност и одговорност од секој граѓанин затоа што сите се запознаени за проблемот и последиците со кои се соочуваат граѓаните на Босилово од горењето на депонијата, соопшти Манчев.

Слични содржини