Граѓаните се разбудија со топли радијатори

од Nikola Popovski

Поради падот на надворешните температури од утре, од денес започнува грејната сезона 2021/2022 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје.

Овие правила се утврдени во регулативата за испорака на топлинска енергија до потрошувачите, одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни Услуги на Република Северна Македонија – РКЕ. Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на
испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите.

Во моментов во 103 колективни станбени објекти, кои се приклучени на системот за централно греење, сè уште не се отстранети пречките кои се во надлежност на потрошувачите и заедниците на станари за да може грејната сезона  да започне навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. Во околу 40 објекти не е обезбедено напојување на топлинската станица со електрична енергија, а во 63 не се отстранети дефектите во внатрешната грејна инсталација или истото не е пријавено во Центар за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.

Инаку, оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на грејната сезона – 15-ти октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлинска енергија за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите.

Слични содржини