Границите се отвораат кон средината на јуни, градинките на почетокот на јуни

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

„Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од следната недела градинките ќе почнат со работа, значи накај почетокот на јуни“, рече Филипче за отвореното студио на Телевизија 24.

На прашање на новинарот кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека очекувањата се тоа да се случи кон средината на јуни.

„Средина на јуни се очекува отворање на границите. Тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите“, додаде тој.

Слични содржини