Грашокот ги зајакнува коските

од Vladimir Zorba

Грашокот е богат извор на витамин К, кој во човековиот организам преминува во витамин К2, кој пак го активира остеокалцин – еден од основните протеини на коските. Со помош на овој ниско калоричен протеин молекулите на калциум остануваат во внатрешноста на коската. Поради тоа нивото на витаминот К2 е посебно важен и без него е загрозена минерализацијата на коските.

Бидејќи грашокот е одличен извор на фолна киселина и витамин Б6 кој влијае на намалување на нивото на хомоцистеин, супстанца која настанува во процесот на метаболизмот, а го загрозува нормалното поврзување на колагенот во структурата на коската, па создава услови за настанување на остеопорозата, нутриционистите истакнуваат дека би требало да се најде на трпезата барем еднаш неделно во текот на сезоната.

Слични содржини