Грчева: Собранието е толку извулгаризирано што само ако сте далтонист можете да бидете дел од него

од Nikola Popovski

Солза Грчева, претседателката на политичката партија Глас за Македонија, за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека изборниот модел мора да се менува.

„Македонија е премала за 6 изборни единици, треба да имаме една и листите да бидат отворени. Луѓето треба сепак да знаат за кого гласаат. Собранието е толку извулгаризирано што сметам дека само ако сте далтонист можете да биде дел од него. Доволно е да разликувате само жолта, зелена и црвена боја. Се друго доаѓа како наредба од партиите што е крајна вулгаризација на демократијата“, смета Грчева.

Според неа, финансирањето на партиите е наказно и безобразно.

„Се собраа големите партии и во 4 очи си договорија два и пол пати поголем буџет. Да имате 4,7 милиони евра на располагање секоја година е навистина чудно. Со тоа си купуваат гласови и цели маала. Од друга страна имате и заробување на медиумскиот простор. Само 10 проценти од сите партии вон двата големи политички блока го делат медиумскиот простор“, изјави Грчева.

Слични содржини