Грчка анархистичка група фрли црвена боја врз зградата на грчкото МНР

од desk4

  Членови на грчката анархистичка група Рубикон фрлија црвена боја врз зградата на Министерството за надворешни работи во Атина.

На својата интернет страница тие објавија дека тоа е солидарност со палестинскиот народ и поради „затроплувањето на односите“ на Грција и Израел.

Инцидентот се случил 12 часа откако членови на таа група искршија прозорци на канцеларии на даночната управа во северниот дел од градот. Во инцидентите во кои учествувале најмалку 10 луѓе, нема поврдени, а едно лице е уапсено, јавија грчки медиуми.

Слични содржини